Балкан 10544794_10152618485932053_2912966164300412357_n

23 јули, 2014

Новиот видео запис на Северина со рекорден број прегледи во регионот

По вчерашната премиера,  новиот сингл „Уно моменто“ на Северина за само 24 часа собра преку 724 000 прегледи на ЈуТјуб, соборувајќи го регионалниот рекорд кој до сега го држеше нејзиниот претходен хит „Италијана“, а како што пишува на нејзината фан страница не Фејсбук, во текот на денот се очекува бројката да достигне и до 1 милион.

„Пресреќна сум, изненадена, во себе скокам до таван“, напиша пејачката, која за овој хит потпишан од Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, соработуваше со групата Министерки, а провокотивното видео издание е во режија на Андреј Илиќ. Доколку не сте го погледнале „Уно моменто“, тоа можете да го направите во продолжение.

 



Врати се горе ↑