Свет meghan-trainor

20 март, 2015

Новиот видео запис на Меган Трејнор е „навредлив за жените“?

„If you’ll treat me right, I’ll be the perfect wife“ (Ако ме третираш како што треба, ќе бидам совршена жена), пее Меган Трејнор во нејзиниот трет сингл „Dear Future Husband“, додавајќи: „Buying groceries, buy-buying what you need“ (Ќе купувам намирници и сè што треба). И покрај тоа што текстот секако не е феминистички, многумина го сметаат за шеговит и ироничен, бидејќи ако го пее 21-годишна девојка во 2015 година, тешко е да се поврзе со ставовите, кои повеќе им доликуваат на педесеттите години од минатиот век.

Токму затоа, сметаат многумина, својата јасна порака дека станува збор за ироничен текст, Меган требало да ја прати и со подеднакво шеговит и ироничен видео запис. Меѓутоа, во штотуку објавениот видео запис пејачката поголемиот дел од времето го поминува чистејќи подови и извршувајќи ги останатите домашни обврски.

Како резултат на сето тоа, видео записот предизвика лавина критики на социјалните мрежи: „Многу сум разочарана од уште една анти-феминистичка песна“, прокоментирала една твитерџивка, а друга се прашала „Како е можно дури и I Don’t Mind’ од Ашер да е повеќе феминистичка од Меган Трејнор и нејзината ’Dear Future Husband’?“

Поголемиот дел од песните на деби албумот „Title“ претставуваат ведри и весели пораки, промовирајќи здрав пристап кон физичкиот изглед и самодовербата, така што можеби сепак се работи за погрешно толкување.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑