12 март, 2015

Новиот видео запис на „Клин бандит“ е снимен со телефоните „Лумиа“

Членовите на британскиот бенд „Клин бандит“ ги здружија силите со креативните умови на „Мајкрософт“ и полските видео-блогери, така што својот нов видео запис за темата „Stronger“ го снимија користејќи 50 паметни телефони „Мајкрософт Лумиа“. Видео записот го режираа Влодек Марковиц и Карол Пациорек, полското дуо чие шоу „Lekko Stroniczy“ е огромен хит на „Јутјуб“. Режисерскиот двоец објави и документарен филм за снимањето на видео записот, составен од 3 дела, со цел да ги прикажат сите детали и занимливости за овој необичен спот.

„Stronger“ е осми сингл за групата, а воедно и втор од претстојното специјално реиздание на деби албумот „New Eyes“, најавено со хитот „Real Love“ во соработка со Џес Глин, која ја отпеа и со Греми наградената Rather Be. Балканската публика ќе има можност да ужива со „Stronger“, како и другите хитови на „Клин Бандит“, во Нови Сад во Србија, бидејќи бендот го потврди настапот на јубилејното 15. издание на фестивалот „Егзит.



Врати се горе ↑