5 април, 2013

Новиот видео запис на Хртс во стилот на „Бони и Клајд“

По крвавото „Чудо“, од новиот албум на британското дуо Хртс насловен „Exile“ пристигна и вториот сингл. Станува збор за нумерата „Blind“, чие сценарио за видео записот го потпишуваат самите членови на дуото – Тео Хачкрафт и Адам Андерсон. Љубовната приказна во стилот на „Бони и Клајд“ е снимена во Шпанија, а Тео игра улога на момче кое со својата девојка тргнува во насилен поход преполн со секс и дрога. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑