20 март, 2016

Новиот видео запис на Амел Ќуриќ со над милион прегледи за 5 дена

По првенчето „Неидрживо“, победникот на втората сезона на регионалниот „Х фактор“, Амел Ќуриќ деновиве го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Те зиме“. Како звтори на новата песна се потпишуваат Дамир Бечиќ, Душан Алагиќ и Борислав Домазет, а видео записот во режија на Харис Дубица, го изработи продукцијата „ДДП колекција“.

Дека талентираниот Босанец навистина ги освои срцата на публиката од целиот регион, докажува и фактот што живописната екранизација за оваа нова балада, на Јутјуб собра преку милион прегледи за само пет дена, а како изгледа и звучи „Те зиме“ можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑