25 јули, 2013

Новиот сингл на Уан Дајрекшн соборува рекорди на YouTube

Популарната британска група Уан Дајрекшн навистина има верни фанови, а уште еден доказ за тоа е и видео записот за нивниот најнов сингл „Best Song Ever“, кој деновиве беше претставен на ЈуТјуб и кој за само еден ден беше прегледан околу 12.3 милиони пати! Со оваа бројка момците го соборија рекорот на гледаност, симнувајќи ги од водечката позиците колегите од другата страна на Атлантикот, Џастин Бибер и Мајли Сајрус. 

Тинејџерките ширум светот со нетрпение го очекуваа овој видео запис кој трае дури шест минути, а во првите две минути момците го имаат и својот прв обид како актери. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑