Македонија 375029_581155301915520_115032566_n

28 мај, 2013

Новиот сингл на Рената ќе добие видео запис

Пред само неколку дена Рената го претстави нејзиниот нов сингл „Please Stay“, а токму таа песна е првата која ќе добие видео запис, кој се снимаше во изминатите денови  во домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. Дел од овој голем и несекојдневен проект секако дека беше и продуцентот Зоран Алексиќ, кој е виновен за големите хитови на Рената, а познати ТВ лица кои ќе ги видиме во видео записот се и танчерите Илија Карадакоски и Симона Веселиновска, кои публиката ги запозна во шоуто „Танц со ѕвездите“. За одличниот изглед на Рената се погрижи стилистот Даниел Николовски.

Зошто токму оваа песна ќе добие видео запис, Рената вели: „Мислам дека можеби така дојде редот, до душа оваа песна има многу повеќе душа, многу поголема содржина и мислам дека токму таа заслужува да биде првата со видео запис“, додавајќи дека финалниот производ ќе излезе во текот на месец јуни, но точната дата сè уште не е потврдена.

„Please Stay“ е една многу лична песна и дефинитивно ја доживувам на поинаков начин, се надевам дека тоа ќе допре и до сите слушатели и сите кои ќе го видат видео записот“ – Рената ја објасни приказната за оваа песна. Целосниот прилог кој ексклузивно го направи екипата на 24 Ексклузив можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑