7 јули, 2013

Новиот сингл на Мајкл Бубле е посветен на неговата сопруга

Од актуелниот, осми по ред студиски албум на канадскиот пејач Мајкл Бубле (37), „To Be Loved“, пристигна вториот сингл, а темата насловена „Close Your Eyes“ е посветена на неговата сопруга, актерката и модел Луисана Лопилато (26), со која го очекуваат нивното прво дете. „You’re one of a kind/Thank God you’re mine“ пее Бубле во прекрасната балада, заблагодарувајќи ѝ се на сопругата за нејзината безрезервна поддршка. Во видео записот за оваа нумера, кој можете да го погледнете горе, додека Бубле пее во студио, во позадина се прикажуваат кратки семејни сцени, а на самиот крај се појавува и Лопилато.

Современиот „Френк Синатра“ , како што многумина го нарекуваат, продолжува да ја освојува светската сцена, а британската публика деновиве ужива во неговата турнеја, во чии рамки се закажани десет последователни концерти во познатата О2 Арена во Лондон.



Врати се горе ↑