Балкан jelena-tomasevic-bosiljcic

26 февруари, 2013

Новиот сингл на Јелена Томашевиќ е плагијат?

Деновиве, во финалето на музичкото шоу „Јас имам талент“, српската пејачка Јелена Томашевиќ го претстави нејзиниот нов сингл насловен „Меланхолија“. Меѓутоа, набрзо по претставувањето, се рашириле гласини дека песната е плагијат. Имено, иако било соопштено дека музиката ја направил шпанскиот композитор Рафаел Артесеро, кој бил воодушевен од гласовните можности на Томашевиќ, вистината е сосема поинаква, пишува српски Пулс.

Со оваа песна во 2010 година литванската претставничка Aistė Pilvelytė се натпреварувала за евровизиски претставник. Таа со песната која исто така е насловена „Меланхолија“ го зазела второто место и само за неколку поени не успеала да ја претставува Литванија на Евровизија, која таа година се одржуваше во Норвешка. Дали Јелена не знаела дека песната е снимена пред три години или толку многу ѝ се допаднала, па ја снимила на српски јазик, останува да се види. Во продолжение преслушајте ги двете песни и одлучете сами дали станува збор за плагијат.

 

Извор: pulsonline.rs



Врати се горе ↑