14 јули, 2013

Новиот сингл на Џастин го најави продолжението на „The 20/20 Experience“

Можеби неколку години паузираше од музичката сцена, но 2013-та е значајна година за Џастин Тимберлејк. По повратничкиот сингл „Suit & Tie“, во март го претстави и првиот дел од албумот „The 20/20 Experience“, од кој произглегоа и сингловите „Мirrors“, а неодамна и „Tunnel Vision“. Но, Тимберлејк веројатно не сака да запре тука! Како што е познато, актуелниот албум го носи овој наслов затоа што за 20 дена снимил 20 песни, а на првото продолжение се најдоа само 10. Продолжението од ова издание ќе пристигне на 30-ти септември, а темата „Take Back The Night“ која пејачот ја претстави деновиве, е всушност прв најавен сингл од претстојното продолжение.

Како автори на оваа песна се потпишуваат самиот Тимберлејк, продуцентот Тимбаленд, Џером “Џеј Рок“ Хармон и Џејмс Фонтлрој, а како звучи новиот сингл можете да слушнете горе.

 



Врати се горе ↑