Свет BonJovi

30 март, 2013

Новиот сингл на Бон Џови ќе биде „Army of One“

Како што пишува во соопштението по повод новиот серијал на каналот Discovery, во серијата емисии за природата насловени „North America“ во која ќе се прикажува како разни облици на живот во текот на еволуцијата се борат со дивото опкружување и нестабилните услови, на шпицата ќе се појави песната „Army of One“, која доаѓа од новиот албум на Бон Џови – „What About Now“ и која ќе биде новиот сингл на бендот.

Албумот „What About Now“ (издаден на 8-ми март годинава) дебитираше на самиот врв на Billboard 200 листата на албуми со продадени преку 100 000 примероци во првата недела, а најавен е со синглот „Because We Can“. Песната „Army of One“ ја претставија во живо на 25-ти јануари на интимен настап во Лондон, а снимката можете да ја погледнете во продолжение.

 

Извор: Billboard.com



Врати се горе ↑