Македонија 1234758_10153302692035608_1586049196_n

7 октомври, 2013

„Новиот почеток“ заминува на европска турнеја

Скопскиот панк-рок бенд Новиот почеток оваа среда (9-ти октомври) заминува на нова дваесетдневна европска турнеја што ќе ги опфати Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Германија, Франција, Швајцарија, Италија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција.

Со овие концерти продолжува промоцијата на нивниот последен албум „Melancholic Machine“ од 2012 година, што исто така беше промовиран на нивните последни две турнеи – балканската (во мај 2012 година) и европската (во ноември 2012 година), а истиот воедно доби и одлични критики од регионот и Европа. Следете го дневникот од турнејата на нивната официјална страница.

 



Врати се горе ↑