Концерт 150544_10152191269370608_1004414644_n

3 декември, 2012

„Новиот почеток“ прославуваат 10 години со концерт

По поминати 10.000 км во 2012 година на нивната Европска турнеја во ноември и Балканската турнеја во мај, по концертните настапи низ Бугарија, Романија, Србија, Чешка, Германија, Словенија и Хрватска… Новиот почеток, скопскиот супер мелодичен панк рок бенд на 15-ти декември со почеток во 21 часот, ќе настапи со едночасовен концерт во домашниот град, во Младинскиот Културен Центар, концерт со кој бендот ќе ја заокружи 10-годишнината од своето постоење.
Европската и Балканската турнеја беа дел од промоцијата во живо на последниот албум „Melancholic Machine” (февруари, 2012) кој доби одлични критики во и надвор од државата.

Зад себе имаат 3 успешно-продадени официјални албумски остварувања:
„Еволуцијата би требало да започне сега…” (Sixtynine Records, 2006),
„Агнозија” (Enterprise Records, 2009) и
„Melancholic Machine” (Sixtynine Records, 2012); а многубројните концерти изминативе години опфатија и фестивали меѓу кои: EXIT (2009), Dirty Old (2009), Аларм (2010), Grr Fest (2012).

Новиот почеток се:
Филип Тасевски – Fitz (вокал, гитара) 2002 – денес
Никола Исаиловски – Fat Cacko (гитара) 2005 – денес
Дени Крстев (тапани, вокал) 2010 – денес
Борјан Сандревски (бас) 2012 – денес

Специјални гости:
Александар Петровски (бас) 2007 – 2012
Бодин Попов (тапани) 2007 – 2010
Јован Стефановски – Џон (бас) 2002 – 2006
Дарко Пешевски (тапани) 2003 – 2006

Концертно ќе бидат поддржани од младите: Generiss и Нова Генерација

КОНЦЕРТ НА НОВИОТ ПОЧЕТОК ВО СКОПЈЕ
МКЦ (ДЕНСИНГ САЛА/САЛА 25 МАЈ)
САБОТА, 15 ДЕКЕМВРИ
21 ЧАСОТ
ВЛЕЗНИЦА: 200 МКД (ПРЕТПРОДАЖБА: БИЛЕТАРА НА МКЦ)



Врати се горе ↑