10 март, 2015

„Новиот почеток“ најави нов албум со „Јади од лешот свој“

„Јади од лешот свој“ е насловот на првиот сингл со кој групата „Новиот почеток“ го најавува четвртиот студиски албум „Јас сум земја“. Новото издание ќе биде објавено во неколку формати – дигитално, на цеде и на винилска плоча. Дигиталното издание ќе биде достапно од 16 април, додека, пак, физичките медиуми, цедето и винилската плоча ќе може да се набават еден месец подоцна, односно на 16 мај, кога ќе има и голем промотивен концерт во Скопје. Веќе во јуни „Новиот почеток“ ќе замине на едномесечна европска турнеја што ќе опфати повеќе држави од Стариот континент.

За синглот „Јади од лешот свој“, кој е снимен, продуциран и миксан од страна на Ивица Јанкуловски во студиото „МариФет“, снимен е и видео запис, а како изгледа сето тоа погледнете горе.

Извор: Нова Македонија



Врати се горе ↑