Настани

20 декември, 2017

„Новиот почеток“ ќе го слави 15. роденден на 3. „Востание“ во МКЦ

Во петок, 22 декември, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе се одржи фестивалот Востание III, во чии рамки групата „Новиот почеток“ ќе одбележи 15 години од своето формирање. На концертот ќе настапат со најдоброто од нивната музика, а најавуваат и специјални гости.

На фестивалот, кој е во организација на „Дајхард букинг енд рекордс“ (Diehard Booking & Records) ќе настапат и „Хардфејсд“ (Hardfaced), „Од кру“ (Odd Crew) од Бугарија, „Трендкил“ (Trendkill) и „Дриома“ (Drioma).

Влезниците во претпродажба на билетарницата на МКЦ чинат 300 денари, или 400 на врата. Фестивалот почнува во 20.30 часот.



Врати се горе ↑