Концерт 150544_10152191269370608_1004414644_n

13 декември, 2012

„Новиот почеток” ја подарува целата дискографија за 10. јубилеј

Скопскиот мелодичен панк-рок бенд Новиот почеток, во пресрет на големиот концерт вo сабота, во МКЦ, по повод 10 години од формирањето, ја подарува целата своја дискографија. Трите албуми „Еволуцијата би требало да започне сега“ од 2006 година, „Агнозија“ од 2009 и годинашниот „Меланхолична машина“ можат да се преземат бесплатно од „бендкемп” страницата на бендот noviotpochetok.bandcamp.com, а ќе бидат достапни до 15-ти декември.

Концертот во сабота е закажан во 21 часот, ќе се одржи во денсинг салата во МКЦ, а гости на „Новиот почеток” ќе му бидат младите бендови Генерис и Нова генерација.



Врати се горе ↑