Свет New-Myspace-Main-Image

17 јануари, 2013

Новиот МајСпејс дизајниран за музичарите и нивните фанови

На почетната страница ќе ве пречека фотографија од директорот Џастин Тимерблејк, во црно-бела варијанта со рекламата за неговиот нов сингл. Новата, редизајнирана и подобрена верзија на социјалната мрежа МајСпејс (MySpace) беше претставена речиси истовремено со новиот сингл на нејзиниот ко-сопственик Џастин Тимберлејк. По неколкумесечната пробна верзија МајСпејс деновиве конечно ја пушти во работа новата верзија. Сите стари корисници може да се пријават преку старите кориснички имиња и лозинки, а може да се регистрираат и тие што сакаат да се приклучат за првпат.

Со цел да привлечат корисници, сопствениците на сервисот одлучија на сајтот да го постават новиот спот на Џастин Тимберлејк, кој и самиот е еден од ко-сопствениците. Откако ќе се пријавите или регистрирате добивате право да го гледате спотот за песната „Suit & Tie“, направена во соработка со Џеј Зи.

„Имаме многу да пополнуваме и не можеме одеднаш да се натпреваруваме со Фејсбук“или со Твитер. Сега единствено што треба да правиме е полека, но сигурно да ја развиваме платформата и да се обидеме да им пренесеме на корисниците што е можно подобро музичко искуство“ – вели потпретседателот Kрис Вандерхук.

На прв поглед станува јасно дека новиот МајСпејс е посветен на музиката, нејзино слушање и споделување со виртуелните пријатели. Според оценката на еден британски блогер, не станува збор за платформа на која се поставуваат слики од мачки, туку место за добра музика. Новиот МајСпејс е дизајниран да овозможи непосреден контакт на изведувачите со своите фанови. Интересна е можноста да се приклучите и преку својот профил на Твитер и Фејсбук.



Врати се горе ↑