Свет Will.I.Am

21 март, 2013

Новиот албум од Вил Ај Ем ќе пристигне во април

Вил Ај Ем деновиве го претстави синглот „#thatPOWER“, во кој гостува канадската тинејџерска атракција Џастин Бибер, а беше претставена и соработката со корејската поп група 2NE1. Најновата вест поврзана со лидерот на Блек Ајд Пис е официјалниот датум на објавување на неговиот нов албум „#willpower“, кој ќе пристигне на 23-ти април. Потврдени се и имињата на колегите кои ќе гостуваат во ова издание, а тоа се Бритни Спирс, Хит Бој, Уека Флока Флејм, Лил Вејн, Диди, Крис Браун, Мајли Сајрус, Скајлар Греј, Џуси Џеј, Ева Симонс, Бејби Кели, apl.de.ap и 2NE1. На листата со соработници се појавуваат и имињата на Џенифер Лопез и Мик Џегер, кои гостуваа во најавниот сингл, песната „T.H.E. (The Hardest Ever)“.

 

Како што пишува магазинот Billboard, синглот „Scream & Shout“ (со Бритни Спирс) со преку 2.5 милиони платени симнувања стана до сега најпродавана соло песна која ја претставил Вил Ај Ем, а новиот албум ќе биде негово прво соло издание. Матичниот бенд Блек Ајд Пис својот за сега последен албум „The Beginning“ го објавија во 2010 година, а до сега е продаден во преку три милиони примероци ширум светот.

 



Врати се горе ↑