Аудио tlc

16 јануари, 2016

Новиот албум од „Ти-ел-си“ ќе стигне наскоро, вели Чили

Пред речиси една година, популарната група од деведесеттите, „Ти-ел-си“, побара финансиска помош од своите фанови за да го сними својот петти и последен студиски албум, а дека публиката сè уште ја сака нивната музика, докажа и фактот што за само два дена беа собрани дури 430.000 долари, а дел од нив дојдоа од нивната колешка Кејти Пери! Но, Ти-Боз и Чили навистина многу го одолговлекуваат проектот, па фановите веќе почнаа да негодуваат на социјалните мрежи, особено откако Чили откри дека наместо на долгоочекуваниот албум, работи на програма за вежбање.

Сепак, во неодамнешно интервју за „Билборд“, пејачката изјави дека албумот е веќе во завршна фаза: „Секојдневно работиме на финалните подготовки за албумот, имавме навистина одлични и забавни идеи, па се надеваме дека слушателите ќе уживаат со тоа што го сработивме“. 

Додека го очекуваме првиот сингл од новиот материјал, слушнете ја новата „химна на вежбањето“ насловена „Body“.

Извор и фотографија: Idolator



Врати се горе ↑