Свет daft-punk-410

26 март, 2013

Новиот албум од Дафт Панк ќе пристигне во мај

По пауза од осум години, колку што поминаа од албумот „Human After All“, француските електро пионери Дафт Панк се враќаат со ново издание. „Random Access Memories“ ќе биде објавен на 21-ви мај и ќе содржи 13 песни. Дуото составено од продуцентите Томас Бангалтер и Ги-Мануел д Омам-Кристо потпишаа за издавачката куќа Колумбија, а овој албум го најавија со кратка реклама, која беше емитувана во емисијата „Saturday Night Live“

Дафт Панк до сега имаат објавено три студиски албуми, почнувајќи со деби изданието „Homework“ од 1997 година, како и саундтракот за филмот „Tron: Legacy“ и два албума во живо.

 

Извор: Billboard.com



Врати се горе ↑