Свет taylor-swift-ticketprocess

31 октомври, 2012

Новиот албум на Тејлор Свифт најпродаван

Младата кантри и поп пејачка не престанува со изненадувањата. Прв пат после 10 години, Тејлор Свифт е првиот артист чиј албум се продаде во 1.2 милиони копии уште во првата недела од издавањето.

Последен пат во 2002 година, албумот кој беше распродаден во 1.32 милиони копии беше „The Eminem Show“ на Еминем, додека сè уште најпродаван деби албум е оној на ‘N Sync „No Stings Attached“кој во 2000 година се продаде во 2.4 милиони копии.

Но, Свифт е и единствената жена чии два албума достигнаа најголема продажба во првата недела откако СаундСкен почна да води сметка за таквите податоци во 1991 година.

Во врска со тоа, Тејлор на својот твитер профил изјави: „Само што ми кажаа дека „Red“ продаде 1.2 милиони албуми во првата недела. Дали е ова реалност? Вие сте НЕРЕАЛНИ. Ве сакам многу, ви благодарам најмногу!

Пејачката во моментов е веднаш позади Бритни Спирс во однос на најпродаван деби албум од женски артист. „Oops!…I Did It Again“ во 2000 година се продаде во 1.32 милиони копии во првата недела (во периодот кога Бритни се забавуваше со Џастин Тимберлејк).

Со оглед на големиот успех од продажбата на албумот, сигурно ќе има огромна публика за 58 дневната турнеја на Свифт која ќе започне на 13ти март во Омаха, Небраска.

 



Врати се горе ↑