Свет cher

4 декември, 2012

Новиот албум на Шер ќе излезе во март

Легендарната пејачка Шер неодамна го објави нејзиниот нов сингл „Woman’s World“, кој го најави новиот дваесет и шести по ред студиски албум, а ќе излезе при крајот на месец март, следната година. За овој албум таа соработува со Пинк и Лејди Гага, а според нејзините изјави на Твитер, ова издание ќе биде еклектично и сестрано. Имено, на албумот ќе има многу денс нумери, но сите ќе бидат различни една од друга, ќе има заразни рефрени, како и неколку „срце-парачки“ нумери. Покрај Пинк и Гага, интересно е тоа што пејачката соработуваше и со познатиот продуцент Тимбаленд, а веројатно на овој албум ќе гостува и нејзината колешка со која го снимија мјузиклот „Бурлеска“, Кристина Агилера.  Неофицијално, албумот ќе содржи 11 нумери и 4 бонус песни.

Покрај подготовките за албумот, Шер изјавила дека се подготвува и мјузикл за Бродвеј кој ќе биде базиран на нејзиниот живот, додавајќи дека е можно самата таа да ја игра нејзината улога. Според сите податоци, овој албум ќе биде доста интересен да се слушне, а додека го очекуваме, да го слушнеме уште еднаш најавниот сингл „Woman’s World“, чиј видео запис би требало да излезе на 22-ри декември.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑