Свет cher-new-album-release-date-2013-march

22 април, 2013

Новиот албум на Шер е готов

Една од поп дивите со најдолг стаж на музичката сцена, Шер (66) неодамна најави дека наследникот на албумот „Living Proof“ од 2001 година е готов, благодарение на последната песна која ја сними и во која гостува Џејк Шиарс од Сизор Систерс. Таа ја објави веста на нејзиниот Твитер профил, а на албумот кој првично беше закажан за месец март, веројатно ќе се најдат соработката со Тимбаленд, дуетот со Лејди Гага, Кристина Агилера, како и две песни чии текстови ги потпишува Пинк, но Шер сè уште не потврдила дали овие соработки ќе бидат дел од новото издание.

Новиот дваесет и шести по ред студиски албум, Шер го најави во ноември минатата година, објавувајќи го првиот сингл насловен „Woman’s World“, за кој требаше да сними и видео запис. Интересно е тоа што официјалниот аудио запис го снема од интернет, видео записот воопшто не се ни појави, а според најновите информации албумот ќе излезе во септември. Имено, виновникот за ова одложување е нејзината издавачка куќа, која сакала да го издаде албумот после летото. Според „твитовите“ на Шер, нов сингл ќе излезе во јуни.

 



Врати се горе ↑