Свет rt-p

12 јули, 2014

Новиот албум на Робин Тик најнеуспешно издание за годинава?

Иако минатогодишниот хит „Blurred Lines“ и истоимениот албум забележаа огромен успех, седмото студиско издание на Робин Тик насловено „Paula“ (по неговата поранешна сопруга, актерката Пола Патон) е очигледен кандидат за најголем комерцијален неуспех за 2014 година. Како што пренесуваат американските медиуми, новиот албум во првата недела бил продаден во само 25 000 примероци, што претставува дури 86% полош резултат за разлика од претходното хит издание кое за една недела било продадено во 177 000 примероци. Резултатите за Велика Британија се уште полоши, односно бројот на продадени примероци бил само 530, што е дури 98% помалку од „Blurred Lines“, кој на британскиот пазар во првата недела остварил тираж од 26 000 примероци, а да не зборуваме за поразителните 54 примероци во Австралија.

Како прв сингл од новиот албум беше претставена темата „Get Her Back“, чиј видео запис можете да го погледнете во продолжение, a за следен сингл е најавена песната „Lock The Door“.

 



Врати се горе ↑