Свет michelle-williams-bw-600x450

22 април, 2013

Новиот албум на Мишел Вилијамс ќе излезе на лето

После пет години пауза, можеби најнеактивната поранешна членка од триото Дестинис Чајлд, Мишел Вилијамс го најави нејзиниот четврт студиски албум, кој треба да излезе на лето. Новото, сè уште неименувано издание,  ќе го наследи „Unexpected“ од 2008 година. Мишел го опишува ова издание како „урбано и инспиративно“, додавајќи: „Сè уште работам на материјалот, но бидејќи направив денс и Р&Б музика, новата музика мора да има нов звук“ – изјавила таа за Билборд.

Продуцентот Хармони Семјуелс продуцирал 10 од 12-те можни нумери, благорадение на неговата работа на претстојниот албум на Кели Роланд – „Talk a Good Game“. Семјуелс исто така работел и на песната во која гостуваат Бијонсе и Мишел, а ќе се најде на албумот на Кели.

Неодамна Вилијамс најавила дека ќе продуцира и игра улога во серијал (реално шоу) насловен „My Sister’s Keeper“, кое ќе го следи настанувањето на албумот, а според нејзината нова етикета Light Records, наскоро ќе пристигне и нов сингл.

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑