Свет chris-brown-2013

3 октомври, 2013

Новиот албум на Крис Браун конечно ќе стигне во ноември

Најавувајќи го со три сингла, новиот албум на Крис Браун насловен „X“ беше првично закажан за 16-ти јули, па потоа презакажан за 20-ти август, а сега конечно и официјално ќе пристигне на 19-ти ноември. Како што најавува во првиот сингл „Fine China“, музичарот на новото издание се оддалечува од денс продукцијата и се насочува кон Р&Б и соул звукот. Браун изјавил дека во текот на работата на новиот албум инспирација му биле великани како што се Мајкл Џексон и Стиви Вондер, а влијанието од нивната музика се обидел да го спои со нешто ново и модерно.

На изданието се очекуваат соработки со имиња како што се Тимбаленд, Дипло, Фарел, Кендрик Ламар, Кели Роланд, Виз Калифа и неговата поранешна девојка Ријана.

 

 



Врати се горе ↑