Свет kelly-rowland

27 март, 2013

Новиот албум на Кели Роланд со ново име ќе пристигне во јуни

Кели Роланд конечно го објави официјалниот датум на издавање на нејзиниот долго одложуван четрврт студиски албум, кој првично беше насловен „Year of the Woman“, но конечниот производ ќе носи сосема поинаков наслов. Имено, на доделувањето на Греми наградите во февруари, Роланд изјавила дека снимила педесет песни и откако стигнала до конечниот список на песни кои ќе се најдат на ова издание, сфатила дека тие „раскажуваат една поинаква приказна“.

Новиот наслов на претстојниот албум е „Talk a Good Game“, но според тоа што го пишува Popjustice, откриен е само официјалниот датум на издавање во Јужна Африка, а тоа е 4-ти јуни, додека за САД и Европа сè уште не се знае. Како и да е, сигурно нема многу да задоцни и за другите делови од светот, па додека очекуваме други новитети од Кели, да се потсетиме на нејзиниот нов видео запис за „Kisses Down Low“, кој го претстави кон средината на месецов.

 



Врати се горе ↑