Македонија 10014600_695412723833199_6779416987931362764_n

17 април, 2014

Новиот албум на Каролина – „Македонско девојче 2“ на iTunes

Поради огромниот интерес којшто го предизвика последниот албум на Каролина како во Македонија, така и во многу делови на светот кај нашите иселеници, од Авалон продукција јавуваат дека „Македонско девојче 2“ може да се набави и дигитално преку најголемата светска онлајн продавница за музика iTunes Store (Makedonsko Devojče 2 by KAROLINA GOČEVA).

Материјалот од новиот албум Каролина го промовираше со шест концерти во МОБ, а неодамна беа најавени и трите концерти кои ќе се одржат во античките театри во Битола и Охрид. Влезниците за овие концерти закажани за 24 и 26 јули во Битола и 25 јули во Охрид се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за сè  по следните цени и категории:

Битола – ТРИБИНА 300 денари;
Охрид – ТРИБИНА – седење 400 денари/ ПАРТЕР 300 денари.

 



Врати се горе ↑