Македонија kaliopi

29 јануари, 2013

Новиот албум на Калиопи ќе пристигне во февруари

Наскоро ќе пристигне новиот албум на Калиопи насловен „Мелем“, кој ќе биде достапен во целиот регион. Официјално ќе се продава во земјите од поранешна Југославија – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

Според информациите на МММ, Калиопи деновиве го заврши снимањето на новиот материјал, а за неколку дена, по мастерингот во Минхен, ќе биде испратен на печатење во „Сони“– Австрија. Првите преимероци во Македонија ќе пристигнат до крајот на февруари.

Веќе е познато дека како комплетен автор на „Мелем“ стои потписот на Ромео Грил, со кој Kалипои соработуваше на евровизиската нумера „Црно и бело“. Во јавноста досега беа промовирани две песни од новиот материјал – насловната тема и синглот “Вучица”.

 



Врати се горе ↑