Свет

20 јули, 2017

Новиот албум на Кајли Миног ќе биде во кантри стил?

Кајли Миног вредно работи на нејзиниот повратнички албум… во Нешвил! Австралиската дива, која редовно ги известува обожавателите за нејзините студиски сесии, објави серија фотографии од култниот „Блубрд кафе“ со австралиските кантри музичари Фил Барон и Линдзи Рајмс, што многумина го сфатија како знак дека новиот материјал ќе биде во кантри стил.

км

Сето тоа малку ги збуни обожавателите бидејќи нејзината нова издавачка куќа вети „одличен, класичен поп албум“, а колегата Сигала изјавил дека го продуцирал најавниот сингл, како и дека материјалот ќе биде со политичка тематика. Сепак, познато е дека авторите со кои работи во моментов пишувале песни и за поп пејачи како што се Трој Сиван и Тина Арина, па дали следното од Кајли ќе биде кантри или поп ќе дознаеме наскоро.

 



Врати се горе ↑