Свет jayzmagnacarta

18 јуни, 2013

Новиот албум на Џеј Зи е закажан за 4-ти јули

Минатата недела беше најавено дека Џеј Зи и компанијата Samsung во рамките на преносот од финалето на тековната NBA сезона ќе „имаат голема најава“ – а скоро сите очекуваа дека станува збор за новиот музички сервис кој ќе биде производ на соработката меѓу компанијата Samsung Mobile и етикетата Roc Nation.

Меѓутоа, на големо изненадување за фановите, наместо тоа претставен е промотивен трејлер за новиот албум кој раперот ќе го објави на 4-ти јули, а ќе го носи насловот „Magna Carta Holy Grail“. Во видеото за наследникот на „The Blueprint 3“ од 2009 година, Џеј Зи во друштво со Фарел Вилијамс, Тимбаленд и легендарниот Рик Рубин зборува за различни прашања за хип-хопот и музиката воопшто. Компанијата Samsung најавува и дека три дена пред официјалниот датум на објавување, ќе им подари милион примероци на оние кои ќе купат телефони од нивната серија Galaxy, но тоа веројатно важи само за американскиот пазар.

Во продолжение погледнете го промотивниот клип за новото издание.

 



Врати се горе ↑