Свет jlo

19 март, 2014

Новиот албум на Џеј Ло ќе пристигне на 17-ти јуни

Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез која во моментов е актуелна со нејзиниот нов сингл „I Luh Ya Papi“, во изминатиов период го подготвува нејзиниот осми студиски албум. Новото сè уште неименувано издание кое ќе го наследи „Love?“ од 2011 година ќе биде објавено на 17-ти јуни: „Албумот е во финална фаза на изработка и мислам дека ќе биде готов веќе следната недела.“ – изјавила пејачката. Покрај актуелната соработка со раперот Френч Монтана, на претстојното издание ќе се најдат и соработки со Макс Мартин, Максвел и Робин Тик.

Покрај работата на новиот албум, Лопез е ангажирана и како судија во тринаесеттата сезона од „Американски Идол“, заедно со колегите Кит Урбан и Хери Коник Јуниор. Овој музички натпревар кој се емитува од 2002 година исфрли музички имиња како што се Кели Кларксон, Џордин Спаркс, Кери Андервуд и други.



Врати се горе ↑