Свет justin-timberlake-timbaland

1 март, 2013

Новиот албум на Џастин е целосно продуциран од Тимбаленд

„Сè е од мене и од Тим“ – изјавил Џастин Тимберлејк за претстојниот албум насловен „The 20/20 Experience“, кој е трет албум целосно продуциран од Тимбаленд. Со оглед на тоа што Тимбаленд веќе продуцирал голем дел од претходните соло албуми на Џастин ( „Cry Me A River“ од „Justified“, а продуцираше 10 од 12-те песни од „FutureSex/LoveSound“), оваа вест воопшто не е изненадување, туку повеќе е гаранција дека на фановите ќе им се допадне тоа што ќе го слушнат.

„Материјалот од албумот има повеќе различни насоки.“ – изјавил Тимберлејк за Capital FM. „Мислам дека има по нешто што потсетува на првиот, малку од вториот албум, а потоа и некои нови нешта“.

Покрај потврдата за улогата на Тимбаленд во новото издание, Џастин изјавил дека исто така снимал и со Фарел (кој помогна во продуцирањето на „Justified“), но за материјалот кој ќе се појави за Neptunes. Уште еднаш потврди дека снимал и со Бијонсе, но сè уште не побарал од г-ѓата Картер да му возврати на услугата. „Овој пат не снимивме ништо за мојот албум, но тоа не значи дека нема да има и некоја сингл верзија од нас.“

Извор: Idolator

 

 



Врати се горе ↑