Македонија dnk

8 април, 2013

Новиот албум на ДНК во продажба од 22-ри мај

По медиумската пауза која ја најавија на почетокот на годинава, со цел да се посветат на работата на новото издание, момците од ДНК вчера на фан страницата на Фејсбук го објавија и датумот на кој ќе биде пуштен во продажба наследникот на „Кажано е сè“ (2010), а тоа е 22-ри мај. Два успешни концерти, видео записи, бројни соработки,  меѓу кои и „Безобразно лажам“ со Дарио и „Моето маало“ со Елена Ристеска, како и настапите ширум Македонија се дел од она што го означи изминатиот период за ДНК, а што сè ќе можеме да слушнеме на новото издание се надеваме дека ќе дознаеме наскоро.

Додека очекуваме повеќе детали, да се потсетиме на изведбата на одличната „Ти благодарам однапред“ заедно со легендарните браќа Тавитјан на големиот концерт во Метрополис арената во септември 2011 година.

 



Врати се горе ↑