Свет britney-jean

26 октомври, 2013

Новиот албум на Бритни ќе стигне на 3-ти декември

Американската поп принцеза Бритни Спирс неодамна го најави нејзниот осми студиски албум со синглот „Work B**ch“, а деновиве го откри и насловот и изгледот на обвивката на новото студиско издание. Инспириран од песната „Billy Jean“ на Мајкл Џексон, како и нејзиното средно име (Бритни Џин Спирс), изданието кое, како што вели самата пејачка, е „нејзин најемотивен албум“, ќе го носи насловот „Britney Jean“ и ќе пристигне на 3-ти декември.

„Во овој албум ги внесов моето срце и мојата душа и тоа беше едно неверојатно патување. Научив многу за себе и додека го привршував ова издание, повторно станав свесна за неверојатните луѓе околу мене кои ме поддржуваа во изминатите 15 години. Не можам да верувам дека ова е мојот осми студиски албум и верувајте ми кога Ви велам, за мене најемотивен, на што сум многу горда.“ – изјавила Бритни во своето писмо за фановите.

Во неодамнешната изјава, пејачката им се заблагодари на сите кои работеа со неа на овој албум, меѓу кои се наоѓаат и Сиа, Вил Ај Ем и Вилијам Орбит. Последниот албум насловен „Femme Fatale“ го објави во октомври 2011 година, а актуелниот сингл „Work B**ch“ го продуцираа Вил Ај Ем, Ото Џетмен, познатиот шведски диџеј и продуцент Себастијан Ингросо, Ентони Престон, Рут-Ен Канингам и Бритни, а покрај оваа песна познато е дека на албумот сигурно ќе се најде и темата „Perfume“ која би требало да биде објавена на 5-ти ноември, како песната насловена „Aliens“.



Врати се горе ↑