Свет beyonce

24 март, 2016

Новиот албум на Бијонсе ќе стигне викендов?

Верните обожаватели на Бијонсе си играа детективи и сега се сомневаат дека нејзиниот нов албум ќе биде објавен токму викедов, кога ширум САД се прославува Велигден. Имено, сето тоа се врти околу неколку сомнителни активности на нејзините профили на Ајтјунс и Виво. Обожавателите забележале дека нејзината страница на Ајтјус била одреден период недостапна, додека 13 неименувани видеа се појавиле на нејзината страница на Виво.

 

б

Како и да е, албумот секако треба да се појави наскоро бидејќи нејзината светска турнеја „Formation“ започнува на 27 април. Насловната песна од албумот, пејачката ја објави еден ден пред настапот на полувремето на „Супер боул“, кога првпат ја изведе во живо и, на некој начин, го „украде“ шоуто од главните ѕвезди на настанот, „Колдплеј“. На нејзиниот заеднички настап со колегата Бруно Марс можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑