Свет R-Kelly

22 ноември, 2013

Новиот албум на Ар Кели ќе стигне во декември

Американскиот пејач, текстописец и продуцент од Чикаго, кој често го нарекуваат и „Кралот на Р&Б музиката“, Ар Кели деновиве ја претстави обвивката и списокот песни од неговиот претстоен, дванаесетти по ред студиски албум насловен „Black Panties“, кој би требало официјално да биде објавен на 10-ти декември како издание на издавачката куќа RCA Records. Музичарот во изминатиов период беше актуелен со соработките кои ги направи со Лејди ГагаЏастин Бибер  и Бруно Марс, а сега со своите фанови го сподели  списокот на песни од новиот албум, кој ќе се појави во стандардно и лукзузно издание, и двете со посебни обвивки.

Стандардното издание го прикажува Кели како некаков вид на маскиран „Фантом од Операта“ држејќи гудало, а инструмент претставува телото на скоро гола девојка, додека на обвивката од луксузното издание Кели е облечен во свилени пижами и лежи во море од девојки облечени во црна долна облека.

Списокот на песни е подеднакво провокативен како и обвивките, со наслови како што се „Crazy Sex“, „Marry the Pussy“ и „Legs Shakin’“, која претставува дует со Лудакрис. На албумот се наоѓаат и соработките во кои учествуваат Кели Роланд, Ту Чејнз и Џизи. Комплетниот список можете да го видите во продолжение.

1. Legs Shakin’ featuring Ludacris
2. Cookie
3. Throw This Money on You
4. Prelude
5. Marry the Pussy
6. You Deserve Better
7. Genius
8. All the Way featuring Kelly Rowland
9. My Story featuring 2 Chainz
10. Right Back
11. Spend That featuring Jeezy
12.Crazy Sex
13. Shut Up

Дополнителни песни на лукзусното издание се:

14. Tear It Up featuring Future
15. Show Ya Pussy featuring Migos & Juicy J
16. Physical
17. Every Position



Врати се горе ↑