Балкан Aleksandra_Radovic

15 август, 2013

Новиот албум на Александра Радовиќ ќе стигне на есен

Српската пејачка Александра Радовиќ привршува со работата на нејзиниот четврти по ред студиски албум. Иако поголемиот дел на песните е веќе комплетно изработени, пејачката не би сакала да шпекулира со датуми и затоа изјавила дека албумот ќе излезе на есен, додека првиот најавен сингл ќе излезе во септември.

„Тешко е да се определам помеѓу издавачките куќи или издавањето на албум на свој трошок.“ – изјавила Александра за српскиот весник Вечерње новости: „Очекувам новите песни да бидат достапни за публиката на есен, а најавниот сингл кој ќе добие и видео запис ќе излезе во септември. Сигурна сум дека многу жени ќе се пронајдат во него. Не го променив авторскиот тим, само авторот на синглот „У инат прошлости“ – Борис Крстајиќ учествуваше во неколку песни. На првиот албум бев автор на најголемиот дел од материјалот, но во меѓувреме станав мрзлива чекајќи ги вистинските зборови и мелодии. Ми недостасува време бидејќи сум насочена на детето, па дури на неодамнешниот одмор успеав да одвојам малку време и да напишам неколку убави текстови. Потпишав половина од албумот.“

Радовиќ го објави нејзиниот трет албум Жар птица“ во 2009 година, а како вовед за претстојниот албум беа претставени сингловите „Чувај моје срце“ и „Ако погазиш лаж“.

 



Врати се горе ↑