Свет adele feb 2012

27 април, 2013

Новиот албум на Адел ќе пристигне кон средината на 2014

Одличи вести за фановите на најуспешната британска пејачка во моментов, која го подготвува нејзиниот трет студиски албум, пренесуваат британските медиуми дознавајќи од извори блиски пејачката. Имено, Адел веќе влегла во студио во Лондон, каде што работи на првите нумери за наследникот на „21“.

Според информациите од изворот, напишани се веќе четири песни и деновиве го снима вокалниот дел заедно со придружните вокали, а останатиот дел од албумот ќе биде снимен во Лос Анџелес. Во однос на музиката, изворот навел дека Адел „ќе се врати кон нејзините корени, со малку модерен џез и неколку класични стари песни“, а албумот ќе пристигне некаде кон средината на следната година.

Подготовката на новото издание на Адел можеби ќе биде причина за одложување на петтиот студиски албум на Сузан Бојл, открил изворот. Имено, и двете пејачки имаат договор со Columbia Records во САД, но приоритет им е Адел, па затоа веројатно албумот на Бојл ќе излезе неколку месеци подоцна од предвиденото.




Врати се горе ↑