Македонија novica-v

26 октомври, 2013

Новица Василевски со два нови видео записа

Фолк пејачот Новица Василевски снимаше два нови видео записа за песните „Бела радо“ и „Не бери гајле“. Видео записот за „Бела радо“ се снимаше во Вевчани, поточно на вевчанските извори, а освен Новица во овај видеозапис се појавува и манекенката Јована од модното студио Шанел.

Видеото за „Не бери гајле“ е снимено во студиото на Ев продукција која се потпишува на овие два видео записа. Во овој видео запис учество зедоа 3 манекенки од Шанел и како актер се појавува и Диме Дуклески. На снимањето на овај спот Новица го бодреше и неговата колешка Елена Велевска. Двете видеа деновиве премиерно ќе бидат прикажани на австралиската ИНТВ.



Врати се горе ↑