Концерт 12366382_1046133928759460_8105052370414028120_n

16 декември, 2015

Нови ВИП билети за концертот на „Љубојна“

„Горила продукција“, ценејќи дека интересот за концертот е голем и поради големиот интерес за седечки места, во продажба пушти нови 460 ВИП билети за седење веднаш пред бината. Новите билети се на најубава позиција во арената „Борис Трајковски“ и чинат 500 денари.

Интересот и очекувањата од овој предновогодишен концерт на „Љубојна“ се големи, се очекува групата и виртуозите Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Џамбо Агушев и Васил Хаџиманов да приредат незаборавна вечер која мора да се проследи. Концертот ќе се одржи утревечер (17 декември, четврток), со почеток во 20.30 часот во арената „Борис Трајковски“.

Билетите за концертот можат да се набават во салоните на МКтикетс, салоните на Оне, Југотон.



Врати се горе ↑