Балкан

12 септември, 2018

Нови правила во „Ѕвездите на Гранд“

Новата сезона на регионалното музичко талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ започна да се снима во понеделникот (10 септември), а натпреварувачите се ставени на уште поголеми маки отколку досега. Саша Поповиќ, директор на продукцијата „Гранд“, откри детали за тоа што ги чека натпреварувачите, како и што ќе можат да очекуваат гледачите на оваа мегапопуларна музичка програма.

Кандидатите се фаќаат за глава, жирито на маки: Ова се новите правила во „Ѕвездите на Гранд“

„Голем дел од ова е нешто ново. Ова е 13. сезона и ние на некој начин размислувавме како да го промениме целиот систем на конкуренција и да воведеме некои иновации и промени во шоуто. Така, по цели 12 години ’Ѕвездите на Гранд’ добиваат нова форма и праќаат нова порака. Оваа сезона ќе биде интересна и затоа што за првпат ги става членовите на жирито во позиција да се натпреваруваат меѓу себе“, откри Саша Поповиќ.

Пејачите се и ментори оваа година, па со стискањето на копчињата одлучуваат и кој натпреварувач ќе дојде во нивниот тим. Жирито е сместено во затворена капсула. Тие не ги гледаат кандидатите и само врз основа на нивното пеење прават проценка на тоа дали се задоволни. Кога ќе се отвори капсулата, тогаш тие можат да ги видат кандидатот и да го прашаат дали сака да влезе во тимот и да бидат негов ментор. Оние кои го дале своето ДА, тие имаат право да одлучуваат, додека оној кој ќе рече НЕ, него ништо понатаму не го прашуваме. Не постои ограничување на бројот на натпреварувачи“, објасна Поповиќ во утринската програма на Јована и Срѓан на ТВ Прва.

„Ако имаме повеќе од еден член на жирито кој сака да му биде ментор на еден ист натпреварувач,  во тој случај кандидатот сам ќе одлучи кој од жирито сака да му биде ментор. Но, првото нешто што го прашуваме е кај кого не сака да биде, и со тоа го ставаме во небрано“, истакна директорот на Гранд и рече дека после тоа натпреварувачот веќе не ќе може да се премисли.

Поповиќ исто така потенцираше дека за време на снимањето ништо не е однапред испланирано и дека меѓусебните кавги на жирито никогаш не било во сценариото.



Врати се горе ↑