Свет superbowl

6 декември, 2012

Нови песни од Бијонсе на почетокот на 2013 година

Како што неодамна, во интервју за магазинот Билборд, откри познатиот автор и продуцент The-Dream (помалку познат и како Териус Јангдел Неш), тој верува дека Бијонсе сигурно ќе претстави дел од новиот материјал и пред најавениот настап на Super Bowl, кој ќе се одржува на 3-ти февруари следната година. Токму оваа пејачка е избрана да биде ѕвездата во финалето на американската рагби лига и да настапи на полувремето, што е традиционално најгледаниот телевизиски термин во САД.

Човекот кој ги напиша големите хитови како што се „Baby“ за Џастин Бибер,  „Umbrella“ за Ријана и „Single Ladies (Put a Ring on It)“ за Бијонсе, рекол дека е „вклучен во секој чекор од работата на нејзиниот петти албум“, додавајќи: „Ова лето започна со снимање, а сега е во фаза во која полека треба да открие кој и е планот. Сигурен сум дека ќе има барем две песни кои ќе ги чуете и пред Супер Боул настапот.“

Набрзо после овој настап, Бијонсе ќе го претстави и документарецот кој го режира за себе, а истиот ќе биде премиерно прикажан на 16-ти февруари на американската кабелска мрежа HBO.

 



Врати се горе ↑