Настани ImageProxy

18 јуни, 2014

Нови интернационални имиња на „Хуавеј Фјужн“ бината на Егзит

ЕГЗИТ во мало, втората најголема ’лајв’ бина, една од омилените бини на фестивалот… Одберето го омилениот назив за ’Фјужн’ бината, облечете ги најудобните чевли и скокајте до утро со познатите акорди и ѕвезди на ’лајв’ музиката кои пристигнуваат од сите страни на светот! Во соработка со компанијата „Хуавеј“ (HUAWEI)„Фјужн“ бината на овогодинешната Авантура ја претставува најимпресивната програма до сега!

На големите интернационални ѕвезди како што се ASIAN DUB FOUNDATION, THE AFGHAN WHIGS, MIGHTY OAKS и TRICOT, им се придружуваат CHE SUDAKANZ SHAPESHIFTERBIRTH OF JOYQUIMBY,  ORATNITZA,  SEWARD,  HATHORS  и BETWEEN SKY AND EARTH.

Двајца Аргентинци и двајца Колумбијци во Барселона! Нема подобар спој за вистинските ритмови и весели ноти на ска панк музиката! CHE SUDAKA е бенд кој ќе ја размрда публката на „Фјужн“ бината веќе на првиот ден од фестивалот, а ритамот и атмосферата слични на Ману Чао ќе ги остави присутните без здив! На самиот почеток на нивната кариера, од 2002. година, беа познати по одличните фестивалски настапи, па незаборавната енергија која доаѓа од бината и уште подобрата атмосфера, со нив се загарантирани!

„Драм енд бејс“ музиката доби нова димензија со еден од најголемите лајв состави и пионери на овој вид музика. Од далечниот Нов Зеланд пристигнува д’н’б атракцијата – SHAPESHIFTER! Со нивниот единствен пристап кон модерната електронска музика, со елементи на соул, ликвид фанк и даб, на сцената ја носат и одличната енергија на живите инструменти! Како познати шоумени, ја восхитија бројната публика на големите фестивали како што се „Гластонбери“, „Д Биг Чил“, „Парклајф“, како и публиката ширум Европа, Нов Зеланд и Австралија каде што ги распродаваат концертните арени!

Во недела, 13 јули, „Фјужн“ бината ќе го угости бендот за кој велат дека ги претставува златните ’60ти години, но на стероиди! BIRTH OF JOY, неверојатното трио од Холандија на „Фјужн“ го носи звукот на психоделичниот рок, но ќе ја врати публиката и во златните времиња кога владееја Дорс, Пинк Флојд, MC5…

Алтернативниот рок состав од Унгарија, QUIMBY, доаѓа на „Фјужн“ бината на 10 јули. По 15 години постоење и 15 албуми и ЕП изданија, пред публиката на ЕГЗИТ ќе го донесат разновидниот звук на рок, фолк, џипси рок, латино фолк и реге со психоделични ефекти. Во најшарените бои на музиката и пеењето на унгарски јазик, секако на најдобар начин ќе ја надополнат сликата на „пат околу светот“ која ја претставува „Фјужн“ бината.

Како и името на самата бина, бендовите кои доаѓаат од сите страни на светот, ја одликуваат фузијата на различни музички правци.

Во тој дух, „Фјужн“ на 10 јули ја претставува и групата ОРАТНИЦА од Бугарија која ги обединува неспојливите правци: фолк, драм енд бејс, хип хоп, дабстеп, а сè тоа проткаено со абориџински теми. Оваа моќна комбинација на бугарски фолклор и странски музички стилови ја направи групата позната ширум цела Европа и воведе нов вид на Балканбит – Булгарбит!

Од Шпанија, на 11 јули доаѓа бендот SEWARD, „најдобро чуваната тајна на Барселона“ кој во песните меша елементи на фолк, неправилни ритмови, семплови, ефекти, а од инструментите дури и бенџо. Нивната интересна музика не остана неприметена, па повеќе пати имаа запазени настапи на фестивалот „Примавера“, како и на бројни концерти. (ВИДЕО: http://bit.ly/1qrdbZq)

Тие се гласни, свират енергичен рок и доаѓаат на 11 јули на „Фјужн“! Тие се HATHORS, бендот од Швајцарија кој го доби името по египетската божица Хатор, која претставува симбол на мир, но и хаос, каква што е и музиката на овој одличен бенд.

Деликатесот на последниот ден на ЕГЗИТ фестивал доаѓа во поинаква форма. Овој пат, посетителите на „Фјужн“ бината ќе уживаат во концептот BETWEEN SKY AND EARTH, музичко-танцовата изведба на одличните уметници кои доаѓаат од различни музички и културни контексти, а на кои заедника им е една нишка – фламенко! „Flamenco Nuevo“: Помеѓу небото и земјата ја карактеризира мешавината на традиционална фламенко музика и танц, етно, современа и експериментална музика, а уметниците на овој нов проект до сега со различни групи имаат настапувано во Шпанија, Унгарија, Велика Британија, Норвешка, Германија, Јапонија…

ВЛЕЗНИЦИ ВО МКТИКЕТС И ЈУГОТОН:
EXIT: 3.580 денари
SEA DANCE: 1.895 денари
EXIT Авантура (EXIT+Sea Dance): 4.230 денари

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ НА ЕГЗИТ: ТУРИСТИЧКИТЕ ПАКЕТИ, КОИ ОПФАЌААТ ВЛЕЗНИЦА, ПРЕВОЗ И СМЕСТУВАЊЕ ДОСТАПНИ СЕ ПО ПРОМО ЦЕНИ. ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА exitfest.org/sr/news/svi-putevi-vode-na-exit-0 и на www.exittrip.org/srp .

Повеќе информации на www.exitfest.org.



Врати се горе ↑