Настани sziget

6 јуни, 2014

Нови имиња во разнобојната програма на Сигет!

Оваа година Меднес (Madness), Д Блади Битрутс (The Bloody Beetroots), Келис (Kelis) и уште неколку други, ќе се приклучат на веќе престижната музичка програма на Островот на Слободата. Дневниот распоред од веќе објавените артисти можете да го погледнете на szigetfestival.mk/programs.

Сигет дефинитивно е совршена дестинација за ова лето  за сите оние што бараат забава и летување во исто време! Фестивалот годинава ќе се одржи од 11-18 август, а влезниците по намалена цена, како и организиран превоз може да се набават во мрежата на Купи карти за сè  и он-лајн преку нашата вебпродавничка!


За новите имиња:

Mеднес … Оформени во 1976 во Кемден Таун во Лондон, тие се едни од водечките групи во светот на ска музиката! Нивните настапи на Сигет во минатото докажаа дека вистинската ска забава ја чинат танцувањето и пеењето, а сигурни сме дека така ќе биде и годинава. Настапот на Сигет ќе биде во рамките на нивната светска турнеја.

Д Блади Битрутс исто така ќе го кренат адреналинот на сите Сигетанци. Можеме да очекуваме хардкор електро хаус со енергичен перформанс на кој ќе полудат илјадници луѓе.

Kелис, американската поп икона, е една од најбараните ѕвезди со нејзините шест студиски албуми и триесетина сингла. Во соработка со Нинџа Тјунс, овој април го издаде нејзиниот најнов албум „Food“ и подготвена е да донесе квалитетна поп музика и разноликост на Сигет!

Ленинград станаа носители на андерграунд сцената на 21от век. Главниот погон на бендот е ска зачинет со панк, но исто така и со руски маршови, денс и фолк песни.

Бенд оф Скалс (Band of Skulls) е трио од Саутемптон, чиј најнов албум „Himalayan“ беше издаден во март. Сигетанците ќе може да уживаат во динамичниот, но и мистичен звук на бендот предводен од Расел Марсден (Russell Marsden).

Тригерфингер (Triggerfinger), најгласниот рок бенд од Антверпен, се враќа на Сигет! Нивната музика варира од традиционален динамичен, па се до емотивен ,,олд скул” рокенрол.

Дениз Коју (Deniz Koyu) е човекот кој стои зад хитовите „Tung“, „Hertz“, „Bong“ и „Follow You“. Присуство на неговиот настап е задолжително за сите љубители на прогресивниот електро хаус.

Томас Голд (Thomas Gold) е исто така дел од актуелната реномирана диџеј сцена. Од неговото деби во 2006, овој германски артист успеа да израсне во еден од најпризнаените и најценетите продуценти на модерната денс музика.

И, Квентин Мосиман (Quentin Mosimann) е еден од новите, најзабележителни диџеи/продуценти на француската електро сцена.

Блек Сан Емпајр (Black Sun Empire) се едни од најдобрите дарк техно-драменбејс диџеи. Откако се појавија на музичката сцена во 2000, па се до денес, тие продолжија да го развиваат својот уникатен стил и звук, издавајќи голем број синглови, но и пет LP изданија, со што го зацврстија своето лидерско место во овој стил на музика.

INVSN (се чита „инвејжн“) изразнаа во пејсажот на субкултурата и се водат од страствениот хардкор панк дух обвиен со богата историја на рокенрол. Овој шведски бенд носи во себе моќен поп, но гледан низ ,,пост-панк” очила…



Врати се горе ↑