Настани 1655990_10152630267208975_312047543_n

11 февруари, 2014

Нови имиња на Сигет 2014

На претходно објавените Квинс оф д Стоун Ејџ, Пласибо, Клаксонс, Стромае, Келвин Харис, Имеџин Дрегонс и Бастил им се придружуваат уште неколку звучни имиња од различни жанрови кои ќе придонесат за колоритноста на Сигет 2014.

Новите имиња се…

Меклмор и Рајан Луис (Macklemore & Ryan Lewis) се едни од напрославените, најсјајните ѕвезди на американската хип-хоп сцена! Нивната харизматична музика ја следат околу милион фанови ширум светот, а годинава се закитија и со четири Греми награди, и тоа: Најдобар Нов Артист, Најдобра Рап Изведба, Најдобар Рап Албум, а синглот Thrift Shop ја доби наградата Најдобра Рап Песна.

Скрилекс (Skrillex) е еден од најпознатите електронски музичари во денешно време. Без сомнеж ќе ја излуди публиката со неговите возбудливи и масивни звуци.

Несекојдневниот талент, британскиот кантавтор Џејк Баг (Jake Bugg), ќе настапи на Островот на слободата исполнувајќи ги своите искрени и уникатни кантри -рок песни.

Ди Фантастишн Фиа (Die Fantastischen Vier), германскиот рап, хип-хоп квартет, се на турнеја со новиот албум Rekord.  Ќе бидат гости и на Сигет 2014.

Гости-изведувачи ќе биде и електронското трип-хоп трио Лондон Грамар (London Grammar) од Нотингем, со својот уникатен меланхоничен звук придружен со фантастични текстови.

Том Одел (Tom Odell) има страстен, романтичен и неодолив глас и споен со огромен музички талент. Овој кантавтор доаѓа од јужниот дел на Англија, има дваесет и три години, а ова лето ќе се качи и на една од поголемите сцени на Сигет.

Исто така од Велика Британија, ни пристигнува и Мајкл Киванука (Michael Kiwanuka) кој сигурно ќе има настап за паметење со неговата софистицирана, сензитивна и специфична соул музика со примеси на фолк и џез. Неговиот деби албум Home Again, беше номиниран за наградата Меркјури во 2013та година.

Двајцата изведувачи со уникатна перспектива на светот на електронската музика, составот Дарксајд (Darkside), ќе бидат возбудлив акт на овогодишното издание на Сигет. Тие не само што им се обраќаат на љубителите на електронската музика, туку и на оние кои сакаат џез.

Тешко е да се класифицира музиката на Д Биг Бинк (The Big Pink), но може да се каже дека во исто време е и интимна и бучна. Проверете сами!

Боргор (Borgore) е вистински хулиган на електронската денс музика. Овој диџеј и продуцент од Израел, и е добро познат на целата интернационална дабстеп мрежа. Вистински човек за забава, фокусиран на масивни басови и тешките метал звуци кои самиот тој ги нарекува gorestep.

Од Австралија доаѓа Броди Дејл (Brody Dalle) која е инспирирана од музиката  на Нирвана, Д Хол и ПиЏеј Харви. Ќе настапи на Сигет на 12-ти август, односно на т.н. Ден 0, истиот ден кога ќе настапи и нејзиниот сопруг, Џош Хом (Josh Homme) со неговите Queens of the Stone Age.

Очекувајте објава на многу нови имиња во скоро време!

Ако сакате да добиетe подобра претстава како изгледа програмата, сцените и чувството да се биде дел од Сигет, погледнете го официјалниот Сигет 2013 афтерфилм.

www.szigetfestival.com
www.szigetfestival.mk



Врати се горе ↑