Балкан

17 мај, 2018

Нови имиња на фестивалот „Сонус 2018“ во Хрватска

Early birds влезници: РАСПРОДАДЕНИ

Поволни влезници за Екс-ју посетители овде

Како богатата програма на 6. издание на фестивалот „Сонус“ да не е доволна, организаторите најавија дополнителни 19 имиња кои ќе настапат во текот на пет дена и пет ноќи во клубовите на плажата Зрче, само неколку метри од Јадранското море.

Aрчи Хамилтон, Борис Брејча, Каси, Цезар, Крег Ричардс, Дигби, Д-р Рубинштајн, Јоханес Брехт, Ралф, Роско, Скизо, Стефан Бодзин и браќата Мартинез ќе се приклучат кон веќе импозантната програма која, според фановите најдобриот хрватски фестивал, ќе им ја овозможи на своите посетители од 19 до 23 август во клубовите „Папаја“, „Аквариус“ и „Калипсо“.

Меѓу домашните и регионалните имиња, од кои некои веќе се членови на семејството на „Сонус“, а некои ќе имаат можност за првпат да настапат пред интернационална публика од неколку илјади луѓе кои доаѓаат на „Сонус“ од над 60 земји низ светот, се Андреа Љекај, Фелвер, Грувимен, Кристијан Молнар, Маријано Матељан, Марина Карамарко и Јеш.

Љубителите на електронската музика од целиот свет уште еднаш ќе ја посетат хрватската парти-мека и ќе се впуштат во авантурата која ги спојува уживањето во преубавите плажи, кристално чистото Јадранско море, изведувачите од светски калибар и неверојатната програма под отворено небо во текот на незаборавни пет дена и пет ноќи.

Покрај најголемите светски имиња како што се Масео Плекс, Марко Карола, Локо Дајс, Свет Ват, Ричи Хотин, Рикардо Виљалобос, Џејми Џонс, Сет Трокслер, Адријатик, диџеј Ам, Диксон, Пеги Гу, Редхед, Пан-Пот, Шарлот де Вит, Настија и Амели Ленс, посетителите од целиот свет со причина го прогласуваат „Сонус“ за еден од десетте најдобри фестивали во август неколку години по ред.

Early bird и првиот контингент влезници се распродадени, а во моментов се достапни поволните влезници за Екс-ју посетителите по цена од 670 куни (€90), преку онлајн-продавниците: Entrio.hr, Ticketshop.hr или TISAK Media. Ако сте во потрага по сместување за време на фестивалот, посетете ја веб-страницата на фестивалот и одлучете се за камп, апартман или хотел кои ги нудат туристичките партнери на „Сонус“.

Фестивалот „Сонус“ лансираше и сопствен канал на „вибер“ (Viber), преку кој фановите можат да бидат во контакт со други луѓе со исти преференци, да ја делат својата љубов кон фестивалот и да ги пронајдат сите потребни информации за фестивалот, на својот мобилен телефон. Секој може да го следи „Сонус“ на „вибер“, преку опцијата на даунлодирање на посебното издание на Сонус-стикери или со приклучување кон официјалната Сонус-заедница.

Со над 1 милијарда корисници низ светот, „вибер“ е една од водечките комуникациски платформи и друштвени мрежи. Речиси сите глобални брендови, но и светски познати личности, имаат свој канал на „вибер“, каде нивните фанови може да ги следат најновите вести за нив и да добиваат екслузивни содржини. Преку Сонусовиот чет-бот на „вибер“, може да се купат влезници за фестивалот.

„Сонус“ на Фејсбук

„Сонус“ на Инстаграм

ПРОГРАМА (по азбучен ред):

Adam Beyer – Adriatique – Agoria – Âme DJ – Amelie Lens – Andrea Oliva – Archie Hamilton – Binh – Boris Brejcha – Butch – Cassy – Cezar – Charlotte de Witte – Chris Liebing – Craig Richards – D’Julz – Dana Ruh – Digby – Dixon – Dorian Paic – Dr. Rubinstein – Eats Everything – Enzo Siragusa – Felver – Ian F. – Jackmaster – Jamie Jones – Jennifer Cardini – Johannes Brecht live – Joseph Capriati – Kölsch – Konstantin – Len Faki – Loco Dice – Luigi Madonna – Maceo Plex – Marco Carola – Mariano Mateljan – Meat – Nastia – Nicolas Lutz – Pan-Pot – Peggy Gou -Praslesh (Raresh & Praslea) – Ralf – Recondite live – Rhadoo – Ricardo Villalobos – Richie Hawtin – Rødhåd – Rossko – Ryan Elliott – Seth Troxler – Skizzo – Solomun – Sonja Moonear – Stephan Bodzin live – Sven Väth – Tale Of Us – The Martinez Brothers – Valentino Kanzyani И МНОГУ ДРУГИ

НОВИ ИМИЊА МЕЃУ ИЗВЕДУВАЧИТЕ

Andrea Ljekaj – Andrea Oliva – Archie Hamilton – Boris Brejcha – Cassy – Cezar – Craig Richards – Digby – Dr. Rubinstein – Felver – Groovyman – Johannes Brecht live – Kristijan Molnar – Mariano Mateljan – Marina Karamarko – Ralf – Rossko – Skizzo – Stephan Bodzin live – The Martinez Brothers – Yesh



Врати се горе ↑