Настани 600503_10151751026228698_655612805_n

4 јули, 2013

Нови имиња на EXIT‏

До EXIT Р:Еволуцијата останаа уште неколку дена. Возбудувањето расте, а кон добрата атмосфера која веќе се создава околу EXIT допринесуваат и новите изведувачи на најголемата фестивалска бина „Main stage“. На главната бина на EXIT се приклучуваат изведувачи кои ќе израдуваат многумина – GBH, Алис Расел (Alice Russel), Дарквуд Даб (Darkwood Dub), Канда Коџа и Небојша, Ајсбрн (Eyesburn), Бед Копи (Bad Copy), Врело и Велики презир.

GBH или Charged GBH се зачетници на хардкор панкот и едни од најдобрите бендови на овој правец заедно со групите Exploited и Discharge. Тие ќе бидат задолжени за експлозивното отворање наWariros Dance денот на EXIT, а нив ги одбраа никој друг, туку големите The Prodigy, кои со ова сакаат да им оддадат посебна чест, како бенд кој влијаел на некои од нив.

Алис Расел е една од најзначајните нови пејачки ѕвезди од Велика Британија по појавувањето на Ејми Вајнхаус. Таа како уметник го лансираше поимот за нов соул на британската клубска сцена, додека пак американските критичари порачуваат: „Заборавете на Џос Стоун, Дафи, па дури и Адел”. Покрај сѐ, таа е и автор на својата музика и нејзините пет албуми многу говорат за тоа. Најновиот, „To Dust“, ќе ја одведе годинава ширум светот, а новиот сингл Heartbreaker стана хит во краток временски рок.

Денот кога ќе ги видиме Атомс фор пис на еден од ретките европски настапи (Exit, 13-ти јули, сабота), ќе биде прилика во поинакво светло да ја согледаме и регионалната музичка сцена. Thom Yorke, основачот на Рејдиохед, како еден од неприкосновените уметнички лидери на современата генерација поп автори, ги одбра токму српските Дарквуд даб како предгрупа за својот нов проект.

„Имаме голема чест и задоволство да свириме на EXIT пред бендот Атомс фор пис. Нивниот албум „Amok“ спаѓа меѓу најинтересните изданија оваа година и со нетрпение очекуваме да ги видиме во живо. Посебно нѐ радува тоа што Том Јорк, Фли и друштвото изразија желба Дарквуд даб да настапат пред нив. Се гледаме на Exit!“ – изјави пејачот на Дарквуд, Дејан Вучетиќ.

Дарквуд Даб се водечка алтернативна рок група од Србија веќе повеќе од дваесет години. Последните години, после приклучувањето на Васил Хаџиманов во групата, Дарквуд Даб се насочија кон подлабоко истражување на магичните можности на џез импрвизацијата, така што и денес освојуваат нови фанови, останувајќи и понатаму како многу посебен бенд и симбол на можноста за општествени промени кои започнуваат со музиката.

Енергијата на регионалната музичка сцена на главната бина ќе ја донесе и Бед Копо кои ќе имаат специјален сет како загревање за Снуп Дог, како и Канда Коџа и Небојша, Ајсбрн, Врело и Велики презир.

По повод настапот на групата Бед Копи, Ајс Нигрутин изјави: „Многу ни е драго што рапуваме пред една голема ѕвезда како што е Снуп Дог кој го слушаме уште од раните детски денови, што би се рекло од пелени.“

Nišville Jazz фестивал на EXIT!
Егзит го поддржува и Нишвил

Егзит фестивалот годинава ќе го поддржи и угости Нишвил Џез фестивалот на Петроварадинската тврдина. Со Нишвил ни доаѓаат и бендот Процес кој ќе настапи на Фјужн бината во петок, 12-ти јули и фанк џез составот Крембоу (Krembou) кои и оваа година ќе настапат на Саемот за младински туризам – „Youth Fair“, во рамки на загревањето за претстојниот Егзит –  „Get EXITed“.

Бендот Процес од Ниш е ска панк бенд кој плени со позитивна енергија веќе повеќе од 15 години. Како вистински претставници на Ниш и Нишвил, ќе ја збогатат и надополнат Фјужн бината со своите заразни и весели песни.

Крембоу ќе ни доловат дел од вистинската атмосфера на Џез фестивалот. Тие доаѓаат од џез градот Ниш и на загревањето на Егзит ќе допринесат со одличниот фанк џез звук.

Поради појавата на препродавачи и фалсификатори по социјалните мрежи, апелираме посетителите да ги купуваат влезниците за Exit 2013 само на официјалните продажни места.

Дури и ако фалсификуваните влезници изгледаат како оригиналите, влезот на Exit со нив нема да биде возможен бидејќи исклучиво е валидна нашата база на податоци. Податоците од нашата база мора да се вклопуваат со бар кодот на влезницата, што во случај на фалсификувана влезница е невозможно.

Сите информации за влезниците можете да ги најдете на овој линк.



Врати се горе ↑