Балкан 553291_584928134866533_865588921_n

23 јануари, 2013

Нови хитови од Цеца во јуни

Фолк дивата Цеца Ражњатовиќ започна со работа на новиот албум кој ќе биде објавен во јуни, непосредно пред големиот концерт во Белград. Таа открила дека скоро сите мелодии кои ќе се најдат на ова издание се готови, а тимот кој стои позади нив и овој пат ќе биде добитна комбинација, пренесуваат српските медиуми.

„Веќе ги собравме сите мелодии, можеби недостасуваат една или две. Марина Туцаковиќ сега ги преслушува мелодиите и работи на текстовите, а јас очекувам да влезам во студио при крајот на февруари или почетокот на март.“ – изјавила Цеца за емисијата Ексклузив.



Врати се горе ↑