10 февруари, 2016

Новата верзија на „Македонско девојче“ доби и видео запис

Деновиве Ви ја пренесовме приказната за раѓањето на најпознатата македонска песна „Македонско девојче“, а по повод 50. роденден на Невенка Томовска Росоманова, нејзиниот сопруг собра одлична екипа и направи реиздание на познатиот евергин. Новата изведба на песната е во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција на Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски и музички продуцент Будимка Имери.

Песната е во изведба на Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески, заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ. За специјалната изведба во комплетирање на приказната, придонесе и виртуозот на гитара Влатко Стефановски, како и препознатливиот Дино Имери на клавир.

Новата верзија (најверојатно) ќе биде промовирана на манифестацијата Златна бубамара на популарноста“, која годинава ќе се одржи во арената „Метрополис“ на 18 февруари.



Врати се горе ↑